Select Page

Агенцијата издава одобрение за користење на радиофреквенции по барање за користење на радиофреквенции, по спроведена постапка на јавен тендер или по спроведена постапка на јавен тендер со јавно наддавање

Издавање на одобрение по барање

Барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции се поднесува до Агенцијата во писмена форма или електронски преку https://e-agencija.aek.mk/ , согласно Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции и потребната документација. При поднесување на барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции се поднесува:

  • Пополнет образец
  • Доказ за извршена уплата на административна такса (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни такси, и
  • Копија од решение од Централен регистер на РМ.

Oдобрението се издава во рок од 42 дена од денот на приемот барањето. За користење на радиофреквенции во фиксна, копнена мобилна и радиодифузна служба покрај пополнетиот образец се доставува техничко решение согласно член 3 од горенаведениот Правилник.

Издавање на одобрение по постапка на јавен тендер или јавен тендер со јавно наддавање

Агенцијата спроведува постапка на јавен тендер или постапка на јавен тендер со јавно наддавање за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции кога е неопходно да се изврши ограничување на бројот на одобренија за користење на радиофреквенции. Бројот на одобренија за користење на радиофреквенции е неопходно да биде ограничен со цел да се обезбеди ефикасно користење на радиофреквенцискиот спектар, да се обезбедат максимални поволности за корисниците и да се поттикне конкуренцијата.

За радиофреквенциски опсег за користење на територија на Република Македонија, доделен во постапка на јавен тендер, се издава одобрение за користење на радиофреквенцискиот опсег, a не се издаваат одобренија за користење на радиофреквенции од доделениот радиофреквенциски опсег за базни станици во копнено мобилна / фиксна служба.

ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗДАВАЊЕ  НА ОДОБРЕНИЕ