Состанок по јавна расправа по Предлог-Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции.

Почитувани,
Агенцијата за електронски комуникации согласно член 13 од Законот за електронски комуникации (Сл. Весник бр. 39/2014), ќе одржи состанок по јавна расправа по Предлог-Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции.

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да присуствуваат на состанокот кој ќе се одржи во петок на 29.08.2014 год. во салата за состаноци на 6 спрат во просториите на АЕК со почеток во 11.00 часот.

Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов бр.21
1000 Скопје

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content