Агенцијата за електронски комуникации Ве поканува на состанок на 23.08.2023 година (среда) со почеток во 10:00 часот.
На состанокот ќе бидат разгледани коментарите по предлог – Правилникот за начинот на градба и условите за пристап и користење на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства што беа добиени од заинтересираните страни во текот на јавната расправа што беше објавена на 05.07.2023 година и траеше до 06.08.2023 година.
Состанокот ќе се одржи во салата за состаноци на VI кат во АЕК на адреса „Кеј Димитар Влахов“ бр. 21 Скопје.