Select Page

На состанокот на  Независната регулаторна Група (IRG)  во Будимпешта, одржан на ден 4 Октомври 2024 година,  Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Јетон Акику беше избран со консензус за заменик претседател на IRG за 2025 година .   Во оваа група на независни регулаторни тела од областа на електронските комуникации (Independent Regulatory Group)  членуваат 37 регулаторни тела, како  од земјите членки  на Европската Унија, така и од Албанија, Велика Британија , Црна Гора , Исланд , Србија , Турција и Македонија.

Агенцијата за електронски комуникации е членка во оваа група од 2007 година и ова е највисокиот облик на соработка и комуникација остварен како членка  на оваа заедница и како претставник на регулаторно тело од Република Северна Македонија. Во рамките на состаноците на оваа група на независни регулаторни тела се врши размена на најдобри искуства и  практики, бенчмаркинг, управување со научени техники , воспоставување на заеднички процеси, организирање обуки и тренинзи како и отварање на поле за одвивање на  исцрпни и напредни дискусии за сегашните и идните регулаторни предизвици во областа на електронските комуникации.