Select Page

На покана на Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Јетон Акику, на ден 04.04.2025 година во седиштето на АЕК беше остварена средба со новоименуваниот Претседател на Управниот одбор на Управата за електронски и поштенски комуникации на Република Албанија – Гентијан Сала , членови на Управниот одбор и претставници на институцијата. Средбата се реализираше на највисоко ниво со присуство на членовите на Комисијата на АЕК и на истата беше изразена подготвеност за понатамошна соработка, размена на искуства и добри практики во областа на регулацијата на електронските комуникации во двете држави.