Skip to content

Соопштение

Амбасадорот на Република Франција, Н. Е. Кристиан Тимоние, денес ја посети Агенцијата за Електронски комуникации (АЕК). На средбата директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, го информираше амбасадорот за најновите случувања во областа на телекомуникацискиот сектор а беше разговарано и за можностите за поголемо присуство на францускиот бизнис во земјава. На состанокот беше истакната можноста за влез на трет мобилен мрежен оператор за која амбасадорот се заложи дека лично ќе се ангажира во таа насока. 

Авторски права © 2025 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.