Почитувани,
Агенцијата за електронски комуникации согласно член 13 од Законот за електронски комуникации (Сл. Весник бр. 39/2014), ќе одржи состанок по јавна расправа по Предлог-Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на доделени броеви и/или серии на броеви.
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да присуствуваат на состанокот кој ќе се одржи во петок на 29.08.2014 год. во салата за состаноци на 6 спрат во просториите на АЕК со почеток во 12.00 часот.
Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов бр.21
1000 Скопје