Почитувани,
АЕК отпочнува јавна расправа по Правилник за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации. Јавната расправа ќе трае заклучно со 05.12.2014 год.Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа најдоцна до 05.12.2014 год. на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов бр.21
1000 Скопје
или по електронски пат на vasil.gjatovski@aec.mk
Дополнување на 05.12.2014 година:
Се информираат сите заинтересирани страни дека рокот за отворената јавна расправа за Правилник за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации се продолжува за дополнителни седум дена, до 12.12.2014 година. Агенцијата излезе во пресрет на барањата на заинтересираните страни, во очекување на конструктивни и квалитетни коментари за предложениот подзаконски акт.
20141105_Nacrt_Pravilnik_za_Opsti_Uslovi.docx