Каде се содржани информациите за рутирање на повици и други услуги (SMS, MMS) до пренесени броеви?

Централна База на Пренесени броеви (ЦБП) е база на податоци која е креирана со цел да се овозможи преносливост на броеви и содржи информации за рутирање кои се однесуваат на сите пренесени броеви. Агенцијата за електронски комуникации го развива, управувува и одржува ЦБП системот преку организациона единица во рамките на Агенцијата, или со пренесување на вршењето на овие работи на друго физичко или правно лице избрано по пат на јавен тендер.
Агенцијата ги покрива трошоците за воспоставување и работење на ЦБП системот од надоместокот за користење на доделени броеви и серии на броеви.
Операторите ги внесуваат податоците во врска со барањата за пренесување на број вклучувајќи ги и рутирачките броеви во електронска форма во согласност со интерфејсот и апликацијата на ЦБП системот во рамките на трансакциите со ЦБП системот.
Секој оператор пристапува на податоците за рутирање на пренесените броеви на еднаква основа.
Размената на податоците е во електронска форма преку сигурен и заштитен линк на начин што овозможува гарантиран интегритет на содржината на трансакцијата и гарантирана идентификација на страната која ја врши трансакцијата.

Авторски права © 2025 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content