Select Page

Врз основа на член 14 точка г), а во врска со член 16 став (1) од Законот за електронските комуникации (Службен весник на Република Македонија број 13/2005,14/2007, 55/2007, 98/2008 и 83/2010), член 13 точка е) и член 15 од Статутот на Агенцијата за електронски комуникации, број 11-26/5 од 08.11.2010 година, Комисијата како орган на Агенцијата за електронски комуникации на состанокот одржан на ден 20.11.2010 година донесе

О Д Л У К А

за именување на директор на Агенцијата за електронски комуникации

I

РОБЕРТ ОРДАНОСКИ се именува за директор на Агенцијата за електронски комуникации.

II

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето и истата ќе се објави на веб страната на Агенцијата за електронски комуникации.

III

Одлуката е конечна.

Образложение

Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, на состанокот одржан на ден 10.11.2010 година, под број 11-27/7 донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за именување на директор на Агенцијата за електронски комуиикации. Јавниот конкурс беше објавен на ден 12.11.2010 година на веб страната на Агенцијата за електронски комуникации и во дневните весници “Бизнис” и “Лајм”
На состанокот одржан на ден 19.11.2010 година, Комисијата ги отвори и ги разгледа пријавите со пропратната документација што во рокот определен во Јавниот конкурс беа доставени во архивата на Агенцијата за електронски комуникации. Комисијата констатира дека се доставени пет навремени пријави, од кои четири со уредна пропратна документација согласно условите утврдени во јавниот конкурс.

Во согласносг со постапката за именување на директор на Агенцијата за електронски комуникации утврдена во член 15 од Статутот на Агенцијата за електронски комуникации и во Јавниот конкурс, Комисијата на состанокот одржан на ден 20.11.2010 година изврши интервју со кандидатите кои имаа доставена уредна пропратна документација, односно кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот конкурс.

По извршеното интервју а врз основа на член 14 точка г) од Законот за електронските комуникации и член 13 точка е) од Статутот на Агенцијата за електронски комуникации, Комисијата како орган на Агенцијата за електронски комуникации едногласно донесе одлука со која за директор на Агенцијата за електронски комуникации го именува Роберт Орданоски од Скопје.

Правна поука: Против оваа одлука може да се поднесе тужба до Основниот суд Скопје II Скопје, во рок од 30 дена од денот на приемот на истата.

icon 20101122_Одлука за именување на директор на АЕК (264.91 kB 2010-11-22)