Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, почитувајќи го законскиот рок, согласно Одлуката за повторување на Јавниот тендер за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 3,4 – 3,6 GHz за фиксен безжичен пристап, за шест региони во Република Македонија (?Службен весник на Република Македонија? бр. 84/2007) во согласност со Извештајот од извршеното разгледување и оценување на примените понуди, бр. 02-1771/95 од 22.08.2007 година изготвен од страна на Комисијата за спроведување на јавен тендер, на состанокот одржан на ден 29.08.2007 година донесе: Одлука за избор на најповолни понудувач за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 3,4-3,6 GHz за фиксен безжичен пристап, за шест региони во Република Македонија. Во секои од шесте региони се доделени по три одобренија, или вкупно 18 одобренија.
Odluka_FWA_regioni-30082007 (112.55 kB)
soopstenie_FWA_regioni-30082007 (21.55 kB)