Select Page

Почитувани,

Агенцијата за електронски комуникации би сакала да Ве извести дека, Јавната расправа по Нацрт документот за четврта анализа на пазар за Локален пристап обезбеден на фиксна локација и петта анализа на пазар за Централен пристап обезбеден на фиксна локација за производи од широка потрошувачка, која што беше објавена на веб страната на Агенцијата на ден 29.11.2021 година со објавен краен рок до 12.01.2022 година се продолжува до 14 Февруари 2022 година. Агенцијата за електронски комуникации реши да ја продолжи Јавната расправа по објавениот обемен Нацрт документ поради големиот број на празници во рокот кој што беше објавен за собирање на мислења и забелешки од заинтересираните страни.

Во врска со горенаведеното, се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа најдоцна до 14.02.2022 год. на следната адреса:

Агенција за електронски комуникации, ул. Кеј Димитар Влахов бр.21 1000 Скопје

или по електронски пат на следниве адреси:

aleksandar.kocevski@aec.mk

marjan.pejovski@aec.mk