Агенцијата за електронски комуникации претставувана од Директорот, Г-н Сашо Димитријоски, активно учествува на состанокот на ВЕRЕС (Воdу оf European Regulators for Еlectronic Communications) што се одржува оваа работна недела во Братислава. Во рамките на состанокот, денес, Генералниот Директор на DG СONNЕСТ (Directorate General оf Сommunication, Networks, Content and Technology) во Европската Комисија, Д-р Роберто Виола, организираше посебен состанок на кои присуствуваа претставниците на регулаторните тела надлежни за електронските комуникации на државите на Западен Балкан. На состанокот една од најважните теми беше можноста да се намалат цените на услугите кои операторите на електронски комуникациски мрежи/услуги ги обезбедуваат на нивните корисници во роаминг. Се разгледаа повеќе сценарија за имплементирање на пониски цени во роаминг. Македонскиот регулатор ја предложи можноста како наједноставно решение да се обезбедат поефтини услуги во роаминг, да се поканат заинтересираните држави, вклучително и членките на Европската Унија, да се приклучат кон Спогодбата која ја имаат потпишано во 2014 во Будва Министерствата надлежни за областа електронски комуникации на: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Оваа можност е предвидена како што е наведено во членот 4 од самата Спогодба. На овој начин македонските граѓани наједноставно можат да добијат поефтини цени за улугите во роаминг. Дополнително, беа изнесени и предлози самите оператори да воведат комерцијални пакети за своите корисници во роаминг, најнапред само за пренос на податоци, а подоцна и за говор во роаминг на доброволна основа. Сите присутни на состанокот се договорија дека ќе се интензивира меѓусебната соработка која во следниов период ќе биде позачестена.
Учество на АЕК на состанокот на ВЕRЕС (Воdу оf European Regulators for Еlectronic Communications) во Братислава
Дома » Соопштенија » Учество на АЕК на состанокот на ВЕRЕС (Воdу оf European Regulators for Еlectronic Communications) во Братислава
08/03/2018