Покана за јавен состанок по завршување на јавната расправа во врска со намерата за спроведување постапка на јавен тендер за определување на оператор и/или давател на универзална услуга

Почитувани,

Агенцијата за електронски комуникации ја поканува заинтересираната јавност  на јавен состанок на кој ќе се разгледуваат пристигнатите коментари и забелешки во текот на јавната расправа што беше отворена во периодот 23.09.2026-22.10.2026 во врска со намерата за спроведување постапка за јавен тендер за определување оператор и/или давател на универзална услуга.

Целта на јавиот состанок е  да се слушнат странките што доставија забелешки и коментари, да ги образложат своите ставови во врска со понатамошните активности за спроведување на постапката за определување на оператор и/или давател на универзална услуга,  имајќи ја предвид важноста на обезбедувањето на универзална услуга и континуираното остварување на правата и интересите на крајните корисници.

Јавниот состанок ќе се одржи на ден 29.10.2026 година (четврток) со почеток во 10:00  часот, во просториите на Агенцијата за електронски комуникации ( сала на 6-ти кат)

Адреса : Кеј Димитар влахов бр.21 – Скопје

Авторски права © 2015 Агенција за електронски комуникации. Сите права се задржани.

Skip to content