Select Page
Делегација од Агенцијата за електронски комуникации на чело со Директорот Роберт Орданоски, а во чиј состав е и членот на Комисијата на Агенцијата – Газменд Ајдини  на 22 Мај 2013 година во посета на Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации  на Република Косово потпиша Техничка регулаторна спогодба за прекугранична хармонизација на фреквенции која се однесува на планирање на фреквенции и координација на фреквенции во прекуграничните подрачја за GSM/UMTS 900 и 1800 технологии . Целта на оваа хармонизација е да се утврдат принципите, техничките одредби и административната постапка потребни за регулирање на заедничко распоредување на GSM/UMTS мрежите и опсезите во граничните подрачја  која беше иницирана од  досегашната прекугранична интерференција на фреквенциите на операторите од двете страни .  Во духот на транспарентното работење и двете регулаторни тела превземаа активности и пред потпишувањето на оваа регулаторна спогодба и истата ја презентираа пред операторите  од своите земји кои се согласија за превземање на активности во насока на почитување на принципите за планирање на фреквенциите и нивна координација утврдено според препораките на Меѓународната унија за телекомуникации. Координацијата на фреквенциите на граничните подрачја е неопходна за да се обезбеди ефикасно користење на спектарот и еднаков пристап до спектарот во граничните подрачја.  Со ова ќе се избегнат проблемите со присутноста на сигнали на GSM/UMTS 900 и 1800  фреквенциски подрачја од  операторите на мобилна телефонија од Косовска територија  на територија на Република Македонија и обратно.

20130522_T.R.A._mk.pdf
20130522_.T.R.A._en.pdf


Поврзани вести:

More posts: Косово техничка регулаторна спогодба фреквенции хармонизација