Aгенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по:
Анализа на пазар 4 – Услуга за започнување на повик во јавна телефонска мрежа на фиксна локација,
Анализа на пазар 5 – Услуга за завршување на повик во јавна телефонска мрежа на фиксна локација и
Анализа на пазар 6 – Услуга за транзитирање на повик во јавна фиксна телефонска мрежа
објавени на веб страната на АЕК на следниот линк, на состанок кој ќе се одржи на ден 04.07.2013 година (четврток) со почеток во 10 часот во просториите на Зајчев рид.