Select Page
Агенцијата за електронски комуникации има намера да распише Јавен тендер за избор на еден или повеќе даватели на универзална услуга во согласност со член 97 став 3) од Законот за електронските комуникации („Службен весник на РМ“, број 39/2014, 188/2014, 44/2015 и 193/2015). Агенцијата за електронски комуникации пред да ја спроведе постапката за јавен тендер за избор на еден или повеќе даватели на универзална услуга објавува намера за за спроведување на истиот, со цел да овозможи јавна расправа. Јавната расправа не смее да трае пократко од 30 дена од денот на објава на намерата за спроведување на постапка на јавен тендер.
Со членот 97 став (5) од Законот за електронските комуникации („Службен весник на РМ“, број 39/2014, 188/2014, 44/2015 и 193/2015) е утврдено дека намерата за спроведување на постапка на јавен тендер за определување на еден или повеќе даватели на универзална услуга, Агенцијата за електронски комуникации е должна да ја објави во најмалку два весника од кои едниот дневен весник е на јазикот на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија. Исто така Агенцијата за електронски комуникации оваа намера ја објавува на својата веб страна со цел да овозможи јавна расправа со сите заинтересирани страни.
Јавната расправа трае 30 дена од денот на објавата на намерата на веб страната на Агенцијата за електронски комуникации.
Забелешките, мислењата и предлозите по објавената намера, заинтересираните страни можат да ги достават писмено до Агенцијата за електронски комуникации со адреса на кеј Димитар Влахов бр. 21 во Скопје или на следната e-mail адреса: vladimir.ristevski@aec.mk
Агенцијата за електронски комуникации на својата веб страница ќе ги објави резултатите од јавната расправа, како и нејзиниот став по однос на истите.

Намера за спроведување на постапка на јавен тендер за определување на давател на универзална услуга (MS Word .DOC формат)
Намера за спроведување на постапка на јавен тендер за определување на давател на универзална услуга (.PDF формат)

Дополнителни информации:

Почеток на јавна расправа: 13/07/2016
Крај на јавна расправа: 12/08/2016
Адреса за достава на коментари и мислења: Забелешките, мислењата и предлозите по објавената намера, заинтересираните страни можат да ги достават писмено до Агенцијата за електронски комуникации со адреса на кеј Димитар Влахов бр. 21 во Скопје или на следната e-mail адреса: vladimir.ristevski@aec.mk