Skip to content

Брзина на интернет

Агенцијата за Електронски Комуникации обезбедува две алатки со кои корисниците на услугите за интернет пристап можат самостојно да ја измерат брзината на услугата. Добиените резултати се информативни, но, ако измерените вредности при повеќекратно мерење со постапка спроведена според овие упатства значително отстапуваат од брзината која ја понудил операторот и за која е склучен договор, резултатите можат да бидат употребени и како дополнување на приговорот на корисникот кон операторот за неисполнување на договорните услови и необезбедување на услуга со соодветен, очекуван квалитет.

Критериумите за квалитет дефинирани во Правилникот за контрола и мерење параметри за квалитет на услуга за интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи се:

  1. Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 50% од договорената брзина во најмалку 95% од времето.
  2. Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 75% од договорената брзина во најмалку 50% од времето.
  3. Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 90% од договорената брзина во најмалку 20% од времето.
  4. Просечното време на доцнење не треба да е поголемо од 100мс
  5. Просечната варијација на доцнење не треба да е поголема од 20мс
  6. Загубата на пакети во 90% од времето треба да е помала од 1%

За да биде услугата квалитетна, потребно е да бидат исполнети СИТЕ критериуми. Доколку сметате дека услугата која ја добивате не ги исполнува наведените критериуми, можета да поднесете приговор до операторот и притоа да ги приложите резултатите кои сте ги добиле од мерењата со алатките од АЕК. Двете алатки за мерење на параметрите на интернет се две апликации, кои се слични меѓу себе, и тоа:

  1. веб-сервис на адресата https://nettest.aek.mk/nettest , за информативно мерење (Упатство) и
  2. самостојна десктоп апликација, за попрецизно мерење (Упатство).
Previous Записник од состанок бр.5 на Комисијата на АЕК за 2019 година

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.