Skip to content

Информација за промена на канали за DVB-T

СООПШТЕНИЕ

Агенцијата за електронски комуникации ги информира корисниците кои следат дигитална терестријална телевизија, DVB-T преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа за следното: Во насока на воведување на 5G технологија и ослободување на фреквенцискиот опсег 694-790 MHz (дигитална дивиденда 2), предвидена е промена на каналите во одредени региони. Промените започнуваат на 17.04.2019 година во периодот од 10:00 до 12:00 часот во зоната на распределба „Туртел“ (Штип, Кочани, Делчево, Виница, Каменица, Берово, Пробиштип и нивната поширока околина). При процесот на промена на каналите можни се делумни или целосни прекини во програмата. Во тој случај, апелираме до корисниците за задолжително прескенирање на ТВ каналите на уредите за прием на DVB-T.
Корисниците на услуги преку кабелска и оптичка мрежа нема да бидат засегнати од овие промени.

Превземете ги документите:

Previous Годишен извештај за работа на Агенцијата за 2018 година

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.