Работната група формирана во Агенцијата за електронски комуникации го отпочна процесот на Анализа на релевантниот Пазар бр.7 – Физички пристап до мрежна инфраструктура (целосен или поделен разврзан пристап ) на фиксна локација и Пазар бр.8 Пристап до услуги со широк опсег (broadband) согласно Одлуката за утврдување на релевантни пазари што се подложни на претходна регулација од 23.09.2010 година. Согласно Програмата за работа на АЕК за 2013 год како и востановената практика на вршење на анализи на соодветен пазар најмалку еднаш во период од 2-3 години АЕК ги спроведува анализите на релевантните пазари, го согледува пазарниот тренд и ги евидентира новите пазарни состојби и технологии.
Поврзани вести:
More posts: анализа за пазар пазар 7 пазар 8 работна група