Select Page

Копнена мобилна служба е мобилна радиокомуникациска служба помеѓу базни станици и копнени мобилни станици или помеѓу копнени мобилни станици.
Барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба се поднесува до Агенцијата во пишана форма согласно Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на рф.

При поднесување на барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции се поднесува:

  • пополнет образец  Барање за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба, според упатството за пополнување Анекс 2. Упатство за пополнување на образецот на барањето за Копнена мобилна служба;
  • техничко решение согласно член 3 од Правилникот.
  • доказ за извршена уплата на административна такса (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни такси; и
  • копија од решение од централен регистер на РМ

За користење на радиофреквенции за мобилна служба се плаќа годишен надоместок според Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции.