Пред започнување на изградба и/или употреба на јавни електронски комуникациски мрежи и/или обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги, менување или прекин во обезбедувањето на јавни комуникациски мрежи и услуги се доставува нотификација до Агенцијата за електронски комуникации.Регистрацијата во Агенцијата не претставува доволен услов за остварување на правата и обврските на операторите или давателите на услуги согласно Законот за електронските комуникации или друг закон. Потврдата за регистрација издадена од Агенцијата сама по себе не создава права или обврски согласно Законот за електронските комуникации, доколку не бидат исполнети другите услови предвидени со Законот за електронските комуникации и друг закон.
Доколку станува збор за изградба на комуникациска мрежа, правното или физичкото лице, пред да започне изградба на јавна комуникациска мрежа покрај обврската да достави нотификација во Агенцијата, треба да поднесе барање за добивање на одобрение за градење до Министерството за транспорт и врски, односно надлежниот орган на локалната самоуправа, во зависност од категоријата на градба, а во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење. НотификацијаНотификацијата содржи потпис на законскиот застапник овластен во писмена форма и печат на подносителот. Доколку подносителот на нотификацијата претставува група на компании (асоцијација, спојување од неколку фирми, итн.) законскиот застапник мора да биде овластен од сите компании или пак од компанијата која ја има контролната улога во групата.
Агенцијата врши регистрација на подносителот на нотификацијата со запишување во службената евиденција на Агенцијата во рок од 15 (петнаесет) дена од приемот на нотификацијата, по која ќе му се достави писмена потврда за извршена регистрација.
Нотификација за прекин во обезбедувањето на одредена јавна електронска комуникациска услуга се поднесува во рок не пократок од 30 (триесет) дена пред предложениот прекин на јавната електронска комуникациска услуга. Во тој случај, подносителот на нотификацијата доставува изјава дека ги има известено корисниците на јавната комуникациска услуга за планираниот датум на прекин во обезбедувањето на јавната електронска комуникациска услуга и дека ги има превземено сите мерки согласно Законот за електронските комуникации и подзаконските прописи донесени врз негова основа.
По нотифицирањето, согласно член 23 од Законот за електронските комуникации, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на јавни електронски комуникациски услуги се должни да и ги доставуваат на Агенцијата за електронски комуникации информации и финансиски податоци заради извршување на нејзините надлежности, во дефинирана форма.
Воедно, операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават видот и содржината на податоците во врска со општите услови за пристап и користење, цените и тарифите и параметрите за квалитет на јавните комуникациски услуги, а во согласност со листата на стандарди и/или спецификации за електронски комуникациски мрежи, услуги и придружни средства и услуги, објавена во службено гласило на Европската унија (О.Ј. Ц 331 од 31.12.2002). Параметри за квалитет на јавни комуникациски услуги“Согласно Правилникот за видот и содржината на податоците кои операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови за пристап и користење, цените, тарифите и параметрите за квалитет на јавните комуникациски услуги, операторите на јавни телефонски мрежи и давателите на јавни телефонски услуги доставуваат податоци за Параметри за квалитет на јавни комуникациски услуги за изминатата година до Агенцијата, кои се прикажани во сумарен облик”.
ДОКУМЕНТИ – ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
- Правилник за начинот на градба и условите за пристап и користење на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства
- Правилник за изменување на Правилникот за преносливост на броеви
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства
- Решение за исправка на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за единствениот европски број за итни повици “112”
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за единствениот европски број за итни повици „112“
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за контрола и мерење на параметри за квалитет на услуга за Интернет пристап преку јавни фиксни комуникациски мрежи
- Правилник за водење, користење и функционирање на електронски регистер на терминална телекомуникациска опрема (TTO)
- Брзина на интернет
- Правилник за изменување и дополнување на правилникот за утврдување на формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви, податоците што се приложуваат кон барањето како и начинот и постапката за доделување на броеви
- Правилник за изменување на правилникот за преносливост на броеви
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства
- Правилник за единствениот европски број за итни повици Е-112
- Правилник за пристап и користење на специфични мрежни средства
- Правилник за преносливост на броеви
- Правилник за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга
- Правилник за утврдување на формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви, податоците што се приложуваат кон барањето како и начинот и постапката за додлеување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација
- План за нумерација
- Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на доделени броеви и/или серии на броеви
- Правилник за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства
- Нотификација за обезбедување јавни електронски комуникациски мрежи и/или услуги
- Правилник за содржината и формата на нотификацијата, потребната документација и потврдата за регистрација
- Правилник за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга
- Прилог – Извештај за вршење на јавна електронска комуникациска услуга
- Вредности на параметри за квалитет на јавни мобилни комуникациски услуги преку радиомрежа
- Вредности на параметрите за квалитет на јавни услуги за пренос на говор преку фиксна мрежа
- Јавна расправа по Правилник за утврдување на формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви, податоците што се приложуваат кон барањето како и начинот и постапката за доделување на броеви и серии на броеви
- Извештај за параметри за квалитет на услуги за обезбедување и одржување на пристап на јавна комуникациска мрежа за 2011 година
- Извештај за параметри за квалитет на јавни говорни услуги за 2011 година
- Правилник за изменување и дополнување на правилникот за технички услови
- Упатство за доставување на ГИС податоците за потребите на електронскиот регистар