Skip to content

Објавен јавен тендер број за избор на даватели на универзална услуга

Врз основа на член 97 став 3) од Законот за електронските комуникации (“Службен весник на Република Македонија“ број 39/2014, 188/2014, 44/2015 и 193/2015) и Одлуката за распишување на јавен тендер за избор на давател на универзална услуга, донесена од директорот на Агенцијата за електронски комуникации,објавена во „Службен весник на Република Македонија“ број 203/2016 од 10.11.2016 година, Агенцијата за електронски комуникации објавува ЈАВЕН ТЕНДЕР БРОJ: 0201-2135/27.
Предмет на јавниот тендер е избор на даватели на универзална услуга за секоја од следните услуги опфатени со универзалната услуга и тоа:
а) Поврзување на краен корисник на фиксна локација со јавна комуникациска мрежа;
б) Обезбедување на целосен телефонски именик и целосна телефонска служба за информации;
в) Обезбедување на јавни телефонски говорници или други јавни пристапни точки за обезбедување на говорни телефонски услуги.

Објавен јавен тендер број 0201-2135/27 за избор на даватели на универзална услуга

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.