Агенцијата за електронски комуникации на 24.04.2012 во Сараево потпиша Меморандум за разбирање во областа на електронските комуникации со Регулаторната Агенција за комуникации на Босна и Херцеговина. Со овој Меморандум за разбирање двете агенции ги утврдија начинот и формите на соработка за прашањата сврзани за размена на информации, искуства, стратегии и документации што се однесуваат на развојот на регулирањето на електронските комуникации во двете земји. На разговорите кои беа водени за време на работната посета во Сараево беа определени приоритетите за соработка за следниот период како и заедничките активности и ставови во однос на пазарите на електронски комуникации во Македонија и Босна и Херцеговина и во регионот.
Потпишување на меморандум за разбирање во областа на електронските комуникации меѓу Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија и регулаторната Агенција за комуникации на Босна и Херцеговина
HOME » Announcements » Потпишување на меморандум за разбирање во областа на електронските комуникации меѓу Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија и регулаторната Агенција за комуникации на Босна и Херцеговина
24/04/2012