Skip to content

Продолжување на одобрение

За продолжување на важноста на Одобрението за користење на радиофреквенции се доставува писмено барање до Агенцијата, во рок не пократок од 30 дена и не подолг од шест месеци, пред истекот на неговата важност. 
Кон барањето се доставуваат следните документи:
  • Копија од одобрение за користење на радиофреквенции на коешто се продолжува важноста;
  • Доказ за извршена уплата на административна такса (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни такси
  • Извод од Централен регистар доколку во истиот има промени.
Во случај на продолжување на важноста, Агенцијата издава ново одобрение, за време не подолго од десет години. 
Важноста на одобренијата за користење на радиофреквенции наменети за испитувања, мерења и атестирање на радиокомуникациска опрема и за користење на радиофреквенции наменети за посебни настани не може да се продолжува.

Документи продолжување на одобрение

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.