Служба за општи и заеднички работи

Служба за општи и заеднички работи воглавно извршува работи од административно техничка природа за потребите на АЕК.
Дава предлози и се грижи за непрекинато физичко обезбедување на објектите на АЕК;
Се грижи за спроведување на административно-технички работи за потребите на АЕК (осигурување на вработените, осигурување и регистрација на возила, наплата на штети и сл.);
Подготвува извештаи за редовноста на вработените (доаѓање на работа, одење од работа и напуштање на работното место за време на работа);
Го организира и контролира одржувањето на хигиената во работните простории;
Во рамките на службата делуваат две работни групи:
  • Група за заеднички работи
    Работи од административно техничка природа за потребите на АЕК
    Континуирано обезбедување на работи од делот на физичко обезбедување на објектите на АЕК, одржување на хигиената и опслужување со пијалоци.
     
  • Група за општи работи
    Тимот во групата работи на обезбедување на административно техничка поддршка на АЕК набавка на канцелариски амтеријал грижа за возилата и нивната исправност, како и опременост со неопходен алат и прибор; Учествува во изготвувањето на анализи, информации и други материјали кои произлегуваат од извршувањето на работите во Групата; Подготвува и обработува статистички и други податоци; Води евиденција за техничките прегледи на возилата, регистрација и поправки;

Контакт со Службата за општи и заеднички работи

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content