Одобрение за користење на радиофреквенции може да се измени по службена должност од страна на Агенцијата или пак на барање на носителот на одобрението.
За измена или дополнување на определени параметри од одобрението за користење на радиофреквенции, се доставуваат следните документи:
- Копија од постоечкото одобрение за користење на радиофреквенции;
- Пополнет образец (во зависност од видот на радиослужбата) според упатство за пополнување, при што секоја наведена измена се обележува со буквата М;
- Техничко решение согласно член 3 од Правилникот за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции и потребната документација изготвено според ново бараните параметри;
- доказ за извршена уплата на административна такса (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни такси, доколку се издава одобрение;
- Извод од Централен регистар доколку во истиот има промени.
ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗМЕНА НА ОДОБРЕНИЕ
- Правилник за формата и содржината и потребната документација што се доставува со барањето за издавање на одобрение за користење на радиофрекфенции
- Упатство за уплата на административни такси