Select Page

До Агенцијата за електронски комуникации во изминатиот период пристигнаа повеќе барања од Оператори за издавање на “потврда за мрежна покриеност во Р. Македонија”, а кои се однесуваат за нивно учество во постапки за јавни набавки на комуникациски услуги.
Согласно дефинираните услови при доделувањето на одобренијата за радио фреквенции на мобилните оператори, треба да имаат покриеност поголема од 90% на територијата на Република Македонија. Бидејќи АЕК во моментов не располага со соодветна мерна опрема, за да ги изврши мерењата, не можеме да Ви ја обезбедиме соодветната информација.
По реализација на набавката за софистицираната мерна опрема во текот на годинава, и по извршените детални мерења, АЕК ќе ги објави јавно податоците за мрежната покриеност на сите оператори посебно.


Известување до Оператори


Поврзани вести:

More posts: известување податоци за мрежна покриеност