Skip to content

JАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ ЗА НАЦИОНАЛНА ТАКСОНОМИЈА ЗА САЈБЕР ИНЦИДЕНТИ

Агенцијата за електронски комуникации отвара јавна расправа по Предлог за Национална таксономија за сајбер инциденти.

Националната таксономија за сајбер-инциденти е активност предвидена со Акцискиот план за имплементација на Стратегија за сајбер безбедност 2018 – 2022 година. Во насока за реализација на Цел 1: Сајбер отпорност, дел за Унапредување на капацитетите и способностите на MKD- CIRT и развој на останатите CSIRT/CERT/CIRT тимови, дефинирана е задача 1.1.3 Развој на национална таксономија за сајбер инциденти.

 ЛИНК кон објавата на сајтот на MKD-CIRT

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки по предметот на јавната расправа што ќе биде отворена почнувајќи од 31.10.2019 до 02.12.2019 до 12:00 часот на следната адреса:

Агенција за електронски комуникации – коментари на Предлог за Национална таксономија за сајбер инциденти.

Kej Димитар Влахов бр. 21

1000 Скопје

или на адреса за е-пошта: contact@mkd-cirt.mk

Авторски права © 2025 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.