Skip to content

Јавен тендер за избор на даватели на универзална услуга

Врз основа на член 97 став 3) од Законот за елек тронските комуникации (Службен весник на РСМ број 39/2014, 188/2014, 44/2015, 193/2015, 11/2018, 21/2018,  98/2019, 153/2019  и 92/21) и Одлуката за распишување на јавен тендер за избор на давател на универзална услуга, донесена од директорот на Агенцијата за електронски комуникации,објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 0201-626/11 од 14.09.2021  година, Агенцијата за електронски комуникации објавува:

ЈАВЕН ТЕНДЕР БРОJ: 0201-626/17 објавен во Службен весни број 228 од  07. Октомври 2021 година.

Предмет на јавниот тендер е избор на даватели на универзална услуга за секоја од следните услуги опфатени со универзалната услуга и тоа:

а) обезбедување на пристап на фиксна локација и обезбедување на телефонски услуги;

б) Обезбедување на целосен телефонски именик и целосна телефонска служба за информации;

в) Обезбедување на јавни телефонски говорници или други јавни пристапни точки за обезбедување на говорни телефонски услуги.

 
Јавниот тендер е објавен во службен весник број 228 од 07 Октомври 2021 година.
 
 

Одговори на прашања на јавен тендер

Изменување и дополнување на Тендерска документација по јавен тендер

Јавното отварање на понудите доставени по јавниот тендер за избор на даватели на универзална услуга ќе се одржи на 01/12/2021 во 11:00 во салата за состаноци на 6 кат во АЕК. Поради пандемијата ќе се применуваат сите пропишани мерки и право на присуство ќе има само по еден претставник на секој субјект што подигнал тендерска документација.

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.