Агенцијата за електронски комуникации отвара јавна расправа по Предлог „Правилник за методологијата за пресметување на годишниот надоместок за надзор на пазарот за електронски комуникации“ и „Упатство за формата, содржината и начинот на доставување на Извештај за вкупен годишен приход на оператор или давател на услуга остварен со употреба на јавни комуникациски мрежи и давање на јавни комуникациски услуги“.
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 25.02.2011 на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје