Select Page
Согласно член 41 од Законот за електронски комуникации (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2005) Агенцијата за електронски комуникации го објавува нацрт документот за анализа на “Пазар 16“ – услуги за завршување на повик во јавни мобилни комуникациски мрежи, релевантен пазар за продажба на производи и услуги на големо.
Со објавување на web страната, овој документ станува предмет на јавна расправа.
Агенцијата за електронски комуникации ги повикува сите заинтересирани страни да ги достават своите пишани коментари кои произлегуваат од овој документ, најдоцна до 29 Јули 2007 година.
Агенцијата за електронски комуникации претпочита коментарите по овој документ да ги прима по е-mail, како прилог, во Microsoft Word формат, за да се олесни и забрза процесот на одговор на истите.
Ве молиме своите коментари да ги доставувате на следната е-mail адреса: \\n aleksandar.kocevski@aec.mk Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите 
Коментарите може да се достават и по пошта на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации ул.“Димитрие Чуповски“ бр.13 1000 Скопје

Доверливост на податоците
Агенцијата за електронски комуникации смета дека сите заинтересирани страни треба да имаат пристап до коментарите кои ќе произлезат од овој документ. Како резултат на тоа Агенцијата ќе ги објавува сите коментари на својата web страна, www.aec.mk.
Доставените коментари нема да бидат третирани како доверливи освен во случај кога ќе биде прецизирано дека дел или целиот коментар е доверлив и не треба да биде објавен. Ве молиме доверливите коментари или деловите од коментарите кои сметате дека се доверливи да ги доставувате во посебен анекс, за да може останатиот дел од коментарот да се објави заедно со името на страната која го доставува.

icon Нацрт документ за Анализа на „Пазар 16“ (245.5 kB)