Select Page

Годишниот надоместок за користење на радиофреквенциите е наменет за надзор, следење, мерење на радиофреквенцискиот спектар и покривање на административните трошоци на Агенцијата во врска со нејзините надлежности. Висината на годишниот надоместок за користење на радиофреквенциите се пресметува според Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции.

Годишниот надоместок за користење на радиофреквенциите се плаќа на сметка на Агенцијата за секоја тековна година, почнувајќи од датумот на важење на одобрението за користење на радиофреквенции.

Пресметката на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции се врши според следните критериуми: вид на радиокомуникациска услуга, доделен радиофреквенциски опсег, широчина на доделени радиофреквенциски канали, област на покриеност, големина на сервисна зона (населено место/број на жители), ефективна висина на антената, заедничко користење на иста радиофреквенција или комбинација од истите.

Надоместок за користење на радиофреквенции не плаќаат органите на државната управа, ЈП Македонска радиодифузија за пренос на радио-телевизиските програмски сервиси на ЈП Македонска радио-телевизија, радиоаматерите и корисниците на граѓанскиот опсег (ЦБ).

ДОКУМЕНТИ ЗА НАДОМЕСТОК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА РФ