План за нумерација и Правилник за доделување на броеви и серии на броеви
Вовед
План за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија е структура на броеви и серии на броеви и нивен распоред за обезбедување на пристап до јавните комуникациски мрежи и/или јавните комуникациски услуги. Со Планот за нумерација управува Агенцијата за електронски комуникации за да обезбеди ефикасно структуирање и употреба на броевите и сериите на броеви, да се задоволат потребите на операторите кои имаат право на доделување на броеви и да се обезбеди доделување и користење на броевите на праведен и недискриминаторски начин.
Структурата, должината и намената на броевите за пристап до јавни комуникациски мрежи и јавни комуникациски услуги во Република Македонија и одредени услуги што се обезбедуваат преку јавни електронски комуникациски мрежи се утврдени во Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија, кој можете да го превземете на следниот линк:
{tab=Важечки}
20140103_План за нумерација (Сл. весник 185-2013).doc (48.03 kB 2014-01-03)
20140103_План за нумерација (Сл. весник 185-2013).pdf (5.26 MB 2014-01-03)
{tab=Неважечки}
20091127_План за нумерација – Сл.Весник на РМ бр.143/09 (218.52 kB 2009-11-27)
20120620_План за изменување и дополнување на Планот за нумерација (72 kB 2012-06-20)
{/tabs}
Отстапатување правото на користење на доделениот скратен број на оператор на јавна телефонска мрежа и/или давател на јавно достапни телефонски услуги
Листа на оператори подговтени за опслужување на скратени броеви (28.5 kB)
Начинот и постапката за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија, како и формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви и потребните документи што се приложуваат кон барањето за доделување на броеви и серии на броеви се пропишани во Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација, кој можете да го превземете на следниот линк.
{tab=Важечки}
{tab=Неважечки}
Правилник за формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви (297.87)
Правилник за дополнување на Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација објавен во Сл.Весник на РМ бр.59/2012
Образецот на барањето за доделување на броеви и серии на броеви е даден во прилог на Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација, кој можете да го превземете на следниот линк.
Прилог – Барање за доделување на броеви / серии на броеви
{/tabs}
Правилник за утврдување на методот за пресметување на годишниот надоместок за користење на доделени броеви и серии на броеви од Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија.