Посета на претставници на РАТЕЛ во АЕК

На покана на претседателот на Комисијата на АЕК Проф.Д-р. Орце Симов и директорот на АЕК Јетон Акику,  на ден 06.02.2026 година во седиштето на АЕК се одржа состанок на кој присуствуваа претседателот на Советот на РАТЕЛ ( Регулаторната Агенција за електронски комуникации и поштенски услуги на Република Србија ) Драган Ковачевиќ , директорот на РАТЕЛ Драган Пејовиќ и техничкиот директор м-р Драгољуб Стефановиќ.

На оваа средба, која се одвиваше во присуство и на останатите членови на Комисијата на АЕК, беа разгледувани теми од областа на регулацијата на електронските комуникации  фокусирајќи се на соработката и инклузивноста на општествата со воведувањето и унапредувањето на технолошки напредните процеси како и делувањето во регионалната заедница и идните  аспекти на  регулација и делување со актуелните предизвици и воведувањето на вештачката интелигенција . Исто така на агендата на разгледување беа и аспектите на координација на групите за радиофреквенциските опсези и понатамошното нивно делување,  како  и роаминг показателите  и статусот на транспонирање на Европските регулативи со домашното законодавство.  

Потврдена и етаблирана беше  взаемната соработка на овие две соседни регулаторни тела ( АЕК и РАТЕЛ) преку воспоставување на повеќе работни групи од нивниот делокруг на надлежност,  кои континуирано ќе работат користејќи ги најдобрите практики и потпирајќи се на заеднички слични околности и изнајдени решенија.  Двете страни се согласија досегашната соработка која е континуирана –  да продолжи  како на  ниво на стручни служби, така и на највисоко ниво на менаџерскиот естаблишмент на  регулаторните тела.

Авторски права © 2015 Агенција за електронски комуникации. Сите права се задржани.

Skip to content