Агенцијата за електронски комуникации отвара јавна расправа по нацрт текстот на Правилникот за утврдување на методот за пресметување на годишниот надоместок за користење на доделени броеви и серии на броеви од планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија.
20131224_Нацрт текст на правилник за годишен надоместок за броеви (220.67 kB 2013-12-24)
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите забелешки по објавениот нацрт текст од 23.12.2013 до 23.01.2014 година на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов 21
1000 Скопје
или во електронски облик на igor.bojadjiev@aec.mk или contact@aec.mk