Агенцијата за електронски комуникации, согласно член 13 од Законот за електронски комуникации (Сл. Весник бр. 39/2014), отвора јавна расправа по „Правилник за формата и содржината на службената легитимација на овластено лице за вршење на надзор и начинот на нејзиното издавање и одземање“.
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа од 04.09.2015 година до 04.10.2015 год. на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов бр.21
1000 Скопје
или по електронски пат на следниве адреси за е-пошта:
liljana.denkovska@aec.mk
vergim.sherifi@aec.mk
dafina.paunovska@aec.mk