Кон барањето се доставуваат следните документи:
- Изјава од носителот на одобрението за користење на радиофреквенции со која се сложува да се изврши пренос/отстапување на правото за користење на радиофреквенциите
- Изјава од правното или физичко лице на кое се пренесува/отстапува правото за користење на радиофреквенциите за прифаќање на правата и обврските кои произлегуваат од одобрението за користење на радиофреквенции;
- Извод од Централен регистар за правното или физичко лице на кое се пренесува/отстапува правото за користење на радиофреквенциите и
По приемот на барање за пренос на право за користење на радиофреквенции Агенцијата утврдува дали барателот ги платил сите надоместоци кои согласно со Закон бил должен да ги плати и дали физичкото или правното лице на кое се предлага да се пренесе или издаде правото на користење на радиофреквенции ги исполнува сите услови утврдени со Законот, прописите донесени врз основа на него и условите за користење на радиофреквенции утврдени во одобрението за користење на радиофреквенции, како и тоа дали со пренесувањето или издавањето на правото за користење на радиофреквенциите би се нарушила конкуренцијата.
Пренесување или издавање на право за користење на радиофреквенции не се применува за радиофреквенциите што се наменети за вршење на радиодифузна дејност.