04.02.2015, Скопје. Во просториите на АЕК се одржа прес конференција од страна на Агенцијата за електронски комуникации. Главна тема на прес конференцијата беше намалување на цените за минута разговор, мобилен интернет и СМС пораки во роаминг.
Агенцијата за електронски комуникации во согласност со Законот за електронските комуникации по јавна расправа од еден месец на 10.03.2015 година ја донесе Одлуката за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи со земјите со кои Република Македонијаја има потпишано регионалната спогодба за роаминг.
Со оваа одлука се утврдија максималните цени за појдовни и дојдовни повици во роаминг во големопродажба и малопродажба кои се значително пониски од постојните цени.
Од 30.06.2015 год цената за минута разговор во роаминг ке биде намалена повеке од 73%, додека за мобилен интернет односно цената која македонските корисници треба да ја плакаат за секој МВ кога користат интернет додека се наоѓаат во некоја од државите кои се потписнички на оваа на оваа спогодба што ке има најголемо намалување од скоро 90% овој Јуни, до скоро 97% во Јули 2017.
Ваква одлука веќе имаат донесено и регулаторните тела на Република Србија и Црна Гора а деновиве се очекува да биде донесена и од регулаторното тело на Босна и Херцеговина. Со тоа оваа одлука ке стапи на сила за сите држави кои ја потпишаа регионалната спогодба за роаминг и цените ке се применуваат од 30.06.2015 година.
На прес конференцијата беа презентирани и промените на пазарот за електорниски комуникации во изминатите четири години како што се пазарниот удел, искористеноста на услугите и цените на услугите кои се од интерес на граѓаните на РМ. Беше прикажано намалување од повеке од 63% во последните 4 години на просечната цена во денари за минута разговор (од 3,4 мкд во 2010 на 1,27 мкд на крај на 2014). Овој пад кореспондира со регулираната цена од сртана на АЕК за завршување на повик во мобилна мрежа или како што популарно се нарекува цената за интерконекција за мобилни оператори. Како последица на намалувањето на цената, употребата на мобилната телефонија за ој период се има зголемено а повеке од 110%.
Слична ситуација имаме и во употребата на интернет на мобилните мрежи, односно постојано зголемување на мобилен интернет и количина на интернет сто се користи.
Агенцијата за електронски комуникации со прикажување на овие показатели за пазарот за електронски комуникации во Република Македонија, го потенцира развојот на електронските комуникации на македонскиот пазар. Овие показатели се во насока на исполнување на законските обврски кои ги има АЕК за поттикнување на развојот на јавните електронски комуникациски мрежи и услуги во Република Македонија, со цел да се обезбеди економски и социјален развој, обезбедување на ефикасна и одржлива конкуренција на пазарот за електронски комуникации и унапредување на развојот и поттикнување на инвестиции во јавните електронски комуникациски мрежи со воведување на нови технологии и услуги, а особено со воведување на следни генерации на јавни електронски комуникациски мрежи.