Select Page

{tab=Важечки}

 Директорот на Агенцијата за електронски комуникации на ден 17.09.2010 година донесе icon Одлука за утврдување на релевантни пазари што се подложни на претходна регулација (550.8 kB 2010-09- (550.8 kB). Одлуката е донесена во согласност со одредбите од членот 41 и 42 од Законот за електронски комуникации, а имајќи ги предвид спроведенте анализи на релевантните пазари, чии финални документи се објавени на веб страната на Агенцијата, а во соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата со што е утврден релевантниот географски пазар за продажба на производи и услуги на пазарот за електронски комуникации на РМ. При утврдување на релевантните пазари беше земена предвид Препораката на Европската Комисија за релевантни пазари на производи и услуги подложни на ex-ante регулација, објавена во службено гласило на ЕУ (ОЈ.L114 од 08.05.2003) и Препораката на Европската Комисија за релевантни пазари на производи и услуги подложни на ex-ante регулација, објавена во службено гласило на ЕУ (ОЈ.L344 од 28.12.2007).

icon 20110303_Одлука за дополнување на одлуката за релевантни пазари (122.76 kB 2011-03-03)
{tab=Неважечки}

Комисијата како орган на Агенцијата за електронски комуникации на состанок одржан на ден 17.08.2005 година донесе Одлука за утврдување на релевантни пазари. Во одлуката е утврден релевантниот географски пазар и релевантните пазари на производи и услуги на пазарот на електронските комуникации. Релевантните пазари се утврдени во согласност со утврдените релевантни пазари во препораката на Европската комисија за релевантни пазари на производи и услуги, објавена во службено гласило на Европската Унија од 08.05.2003 година. Имајќи ја во предвид препораката на Европската комисија за релевантни пазари на производи и услуги, објавена во службено гласило на Европската Унија од 28.12.2007 година АЕК ги спроведува анализите на 18 релевантните пазари и во соработка со органот надлежен за заштита на конкуренцијата ги дефинира релевантните пазари подложни на ex- ante регулација.

Релевантен географски пазар на пазарот на електронските комуникации е територијата на Република Македонија.
Релевантни пазари на производи и услуги на пазарот на електронските комуникации се утврдени во Одлука за утврдување на релевантни пазари – icon Одлука за утврдување на релевантни пазари (40 kB 2008-06-11).


{/tabs}