Select Page

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации на ден 17.09.2010 година донесе Одлука за утврдување на релевантни пазари што се подложни на претходна регулација. Одлуката е донесена во согласност со одредбите од членот 41 и 42 од Законот за електронски комуникации, а имајќи ги предвид спроведенте анализи на релевантните пазари, чии финални документи се објавени на веб страната на Агенцијата, а во соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата со што е утврден релевантниот географски пазар за продажба на производи и услуги на пазарот за електронски комуникации на РМ. При утврдување на релевантните пазари беше земена предвид Препораката на Европската Комисија за релевантни пазари на производи и услуги подложни на ex-ante регулација, објавена во службено гласило на ЕУ (ОЈ.L114 од 08.05.2003) и Препораката на Европската Комисија за релевантни пазари на производи и услуги подложни на ex-ante регулација, објавена во службено гласило на ЕУ (ОЈ.L344 од 28.12.2007).

 

 

ДОКУМЕНТИ ВО РЕЛЕВАНТНИ ПАЗАРИ