Select Page

Агенцијата за електронски комуникации Ве поканува на состанок на 28.07.2022 година (четврток) со почеток во 10:00 часот.

На состанокот ќе бидат разгледани коментарите по предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства што беа добиени од операторите во текот на јавната расправа што беше објавена на 22.06.2022 година и траеше до 21.07.2022 година.

Состанокот ќе се одржи во салата за состаноци на VI кат во АЕК на адреса Кеј Димитар Влахов бр. 21 Скопје.

Ве молиме да ги почитувате протоколите за заштита од Ковид-19.



Тема на состанок : Разгледување на коментарите по предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства
Датум на одржување : 28/07/2022
Почеток во : 10 часот
Локација на состанокот : Агенција за електронски комуникации, Кеј Димитар Влахов бр.21 1000 Скопје Македонија