Skip to content

Почетен состанок (kick-off) за проектот за дефинирање на мерки за поттикнување на развој на конкуренција на пазарите за електронски комуникациски услуги во Република Македонија и поттикнување на инвестиции во нова генерација на мрежи (оптика до секој

Почитувани,
Агенцијата за електронски комуникации Ве поканува на почетен состанок во врска со отпочнувањето на проектот за дефинирање на мерки за поттикнување на развој на конкуренција на пазарите за електронски комуникациски услуги во Република Македонија и поттикнување на инвестиции во нова генерација на мрежи (оптика до секој дом, 4G мобилни мрежи, DOCSIS 3.0 мрежи).
Состанокот со претставници на АЕК и консултантската куќа Analysys Mason ќе биде одржан на ден 17.09.20104 г, во просториите на АЕК, сала 1 на прв кат со почеток од 10,00 часот.
Ги покануваме сите заинтересирани страни да земат учество на овој состанок.

Со почит,
Агенција за електронски комуникации

Previous Report on the development of the electronic communications market in the first quarter of 2014

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.