Select Page
Во духот на солидарноста и пријателството со граѓаните на Република Србија и Република Босна и Херцеговина, а со цел да им се помогне на настраданото население во поплавените подрачја, Агенцијата за електронски комуникации зеде активно учество во акцијата на Црвениот крст на Република Македонија за собирање на конкретна помош за настраданото население. Дел од вработените во АЕК донираа неопходни и потребни средства кои што се во согласност со проценките на Црвениот крст, а дел пак донираа парични средства на отворената сметка за помош на настраданите од поплавите. Вработените во Агенцијата за електронски комуникации, со овој хуман гест, уште еднаш докажаа дека поседуваат цврст тимски дух и за хумани цели.