Të nderuar,
Агенцијата за електронски комуникации отвара јавна расправа по:
- ПРАВИЛНИК ЗА ПОЛИТИКИ НА ФЕР КОРИСТЕЊЕ И ПРОЦЕНКА НА ОДРЖЛИВОСТА НА УКИНУВАЊЕТО НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ НАДОМЕСТОЦИ ЗА РЕГУЛИРАНИ МАЛОПРОДАЖНИ УСЛУГИ ВО РОАМИНГ, И ЗА БАРАЊЕТО ШТО ГО ДОСТАВУВА ОПЕРАТОРОТ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ТАА ПРОЦЕНКА
- ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНИТЕ ЦЕНИ НА УСЛУГИТЕ ВО РОАМИНГ ВО ЈАВНИ МОБИЛНИ КОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки по однос на нацрт текстот на документите најдоцна до 06.09.2020 година на следната адреса: Кеј Димитар Влахов бр. 21 1000 Скопје или на e-mail адресата: sinisa.apostoloski@aec.mk
Агенцијата за електронски комуникации доби коментари и забелешки од страна на два оператори и тоа А1 Македонија и Македонски Телеком. Согласно член 13 став 3 од Законот за електронски комуникации, на својата веб страница Агенцијата ги објавува добиените мислења и коментари, како и ставот на Агенцијата по однос на истите. Во исто време Агенцијата ги објавува и финалните верзии на двата документи.
Коментари на Македонски Телеком