Select Page

icon 20111014_Javen povik (76.44 kB 2011-10-14)

Агенцијата за електронски комуникации во согласност со член 61 став 1 од Законот за електронски комуникации (Службен весник на РМ 13/2005, 14/2007, 55/2007, 98/2008, и 83/2010) и точка 2.18 од Планот за доделување и користење на радиофреквенции во Република Македонија, објавува


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА РАДИОФРЕКВЕНЦИИ ВО ОПСЕГОТ 790-862 MHz


1. Заинтересираните страни треба да достават  Барање за издавање на одобрение за користење на радиофреквенциски блок од 2×10 MHz (FDD) во радиофреквенцискиот опсег 790-862 MHz во согласност со “Правилникот за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции и потребната документација”.
2. Во прилог на барањето треба да се достави Извештај за билансот на состојба  и податоци од биланс на успех потврден од Централниот регистер, односно за странско правно или физичко лице, ревизорски извештај, издаден од странска реномирана институција регистрирана за вршење на ревизија.
3. Барањето треба да се достави во рок од 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во Службен весник на Република Македонија на адресата на Агенцијата за електронски комуникации, ул: Димитрие Чуповски бр 13, 1000 Скопје.
4. Со барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции, заинтересираните страни треба да достават и мислење за висината на пазарната вредност на радиофреквенциите.
5. Услови за доделба и користење на радиофреквенциите се:
–    рок на важење на одобрението е од 01.06.2013 до 31.05.2023 година со можност за продолжување;
–    начин и услови за пренос на одобрението се во согласност со член 71 од Законот за електронски комуникации (Службен весник на РМ 13/2005, 14/2007, 55/2007, 98/2008 и 83/2010);
–    обврската за покриеност на територија по една година од денот на важење  на Одобрението за користење на радиофреквенции е да се обезбеди најмалку 30% покриеност, по две години 60% покриеност, по три години 80% покриеност, а по четири години 90% покриеност на територијата на Република Македонија;
–    носителот на одобрението ќе биде должен во рок од 90 (деведесет) дена од денот на добивањето на Одобрението за користење на радиофреквенции да достави детален План на изградба на мрежата (со техничко решение, со податоци за: географска област на користење, метод на пресметка на пропагација и одредување на сервисна зона, геодетски податоци за локации на предаватели, моќност, модулација и вид на радиоемисија, предвидени антенски системи и радиоопрема) со временски рокови за реализација за период од 4 (четири) години. Планот ќе претставува основа за следење на динамиката за обезбедувањето на услугите и процентот на покриеност на територијата на Република Македонија. Носителот на одобрението ќе биде должен на крајот на секоја година за периодот од 4 (четири) години на Агенцијата да и доставува извештај за процентот на покриеност на територијата.


6.  Ако во рок од 45 дена од денот на објавување на јавниот повик во Службен весник на Република Македонија, Агенцијата прими повеќе барања со што се надминува расположливоста на тие радиофреквенции, Агенцијата ќе донесе одлука за спроведување на јавен тендер во рок од 30 дена од денот на истекот на рокот за доставување на барања.
7. Доколку Агенцијата, врз основа на примените барања  по јавниот повик утврди дека определените радиофреквенции се доволни за сите заинтересирани страни кои доставиле барања, одобренијата за користење на радиофреквенции ќе се издадат по постапка утврдена во член 60 од Законот за електронски комуникации (Службен весник на РМ 13/2005, 14/2007, 55/2007, 98/2008 и 83/2010).

Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Drejtori
Роберт Орданоски