Select Page

На барање на операторите, Агенцијата за електронски комуникации го продолжува рокот на доставување на мислења и забелешки – најдоцна до 15 септември 2012 (сабота) за „Нацрт документ за втора анализа на Пазар 7- Физички пристап до мрежна инфраструктура (целосен или поделен разврзан пристап) на фиксна локација и Пазар 8- Пристап до услуги со широк опсег (Broadband)“.

Со оглед дека периодот за доставување на мислења и забелешки е воедно и период во кој најголем дел од вработените ги користат летните годишни одмори, Агенцијата за електронски комуникации со ова пролонгирање на рокот излегува во пресрет на барањето на операторите.