Select Page

Врз основа на член 22, став (3) и член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на Република Македонија, број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012 и 39/2012), а во согласност со Одлуката за објавување на јавен оглас за вработување на Агенцијата за електронски комуникации со број 02-4039/1 од 16.11.2012 година, донесена од директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Агенцијата за електронски комуникации објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ број 02-4039/2

Агенцијата за електронски комуникации во Кабинетот на директорот на Агенцијата има потреба од вработување на високо мотивирани кандидати, кои веруваат во сопствениот капацитет и кои се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици во спроведување на значајни структурни реформи во земјата. Кандидатите ќе бидат ангажирани на неопределено време за следното работно место:

1. СОВЕТНИК ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ – (5 ИЗВРШИТЕЛИ)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Висока стручна подготовка – Информатички технологии;
  • Познавање од областа на електронските комуникации;
  • Познавање од областа на информатичките технологии;
  • Добро познавање на англиски пишан и говорен јазик;
  • Најмалку 5 години работно искуство во струката.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните способности:

  • Добри комуникациски вештини;
  • Отвореност кон прифаќање на новини;
  • Креативност;
  • Аналитичко-синтетички способности;
  • Стратешко размислување;
  • Способност за тимска работа.

Заинтересираните кандидати се должни со пријавата за вработување да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат условите предвидени во јавниот оглас.

Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени, во зависност од нивните способности, образование, искуство и личен капацитет.

Рокот за доставување на документи е 15 работни дена од денот на објавување на јавниот оглас.

Ненавремена, нецелосна и неуредно доставена документација нема да биде предмет на разгледување од Агенцијата за електронски комуникации.

Одлуката за избор на кандидатите по јавниот оглас ќе биде донесена во рок од 7 (седум) дена од денот определен како краен рок за доставување пријави.

Кандидатите се должни пријавата за документација да ја достават по пошта или лично во Архивата на Агенцијата за електронски комуникации на следната адреса:

Agjencia e Komunikimeve Elektronike
со назнака: За јавен оглас број 02-4039/2
ул. „Димитрие Чуповски“ број 13 Скопје