Të nderuar,
Со оваа покана ги повикуваме сите заинтересирани страни да во рок од 30 дена од денот на објавување на Нацрт Извештајот за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за електронски комуникации во РМ ги достават своите гледишта и ставови по предложениот предмет на јавна расправа.
Имено, на состанокот одржан на ден 26.10.2011 година Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги информираше заинтересираните страни дека отпочнува со процесот на развој и имплементација на методологија за регулирање на малопродажни цени за оператор со значителна пазарна моќ на релевантни пазари бр. 1 и 2 дефинирани во Одлуката за утврдување на релевантни пазари подложни на претходна регулација. Методологијата се развиваше во соработка со Аналусис Мејсон- Италија врз основа на договор за консултантски услуги, склучен врз основа на постапка за јавна набавка. “Price squeeze” моделот за тестирање на поединечни и пакетирани услуги е во согласност со Упатството за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за електронските комуникациски услуги во РМ, усвоено од Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.
Во процесот на развојот на моделот се укажа потреба од податоци. Истите од страна на Агенцијата беа побарани од сите оператори кои делуваат на релевантните пазари 1 и 2 и следствено беа доставени во предвидените рокови за доставување на податоците, наведени во барањата.
20120418_Draft Report for methodology for margin squeeze model (1.12 MB 2012-04-18)
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 21.05.2012 на следната адреса:
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Shkup
или на следниве емаил адреси: kristina.kocevska@aec.mk , bojana.goseva@aec.mk