Select Page

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давател на услуги на  воздухопловна навигација ( М-НАВ) АД Скопје на ден 19.10 2012 година во Скопје потпишаа Меморандум за соработка со кој се утврдува деловно-техничката соработка  за координација, размена на информации и техничка соработка, заеднички настап и координација за прашања од заеднички интерес на Светската радио конференција WRC/ITU, координација  од заеднички интерес при претставување на Република Македонија во ICAO и координација при донесување на национална регулатива од заеднички интерес за двете институции.
Со Меморандумот се утврдува деловно-техничката соработка за  имплементација и надзор на примената на Уредбата за правилата и условите за заемна оперативност на системите, нивните составни делови и поврзаните процедури за давање на услугите на воздухопловната навигација со европската АТМ мрежа, имплементација и надзор на примената на Правилникот за начинот и условите за одредување на зоната на електронска комуникациска инфраструктура и придружните инфраструктурни капацитети и средства, заштитната зона и радио коридорот како и  обврските на инвеститорот, имплементација и надзор на примената на Правилникот за условите за поставување, градба и обележување на објекти, инсталации и уреди во зоната на аеродром, објекти и уреди за контреола на летањето и објекти надвор од зоната на аеродромот кои што можат да влијаат на безбедноста на воздушниот сообраќај и условите и начинот на обработка на земјиштето во зоната на аеродромот и земјиштето во неговата непосредна близина.




Поврзани вести:

More posts: MoU меморандум за соработка МНАВ